Организаторите на Австралија опен воведоа денеска забрана за истакнување руски и белоруски државни знамиња на трибините за време на натпреварите на првиот годинешен грен-слем турнир во Мелбурн.

Одлуката доаѓа откако на натпреварот меѓу руската тенисерка Камила Ракимова и Катерина Баиндл од Украина на трибините беше истакнато знамето на Русија по што уследи протест од украинскиот амбасадор во Австралија, Васил Мирошниченко.

Нашата почетна политика беше навивачите да смеат да внесат знамиња, но не можат да го користат за нарушување на текот на натпреварувањето, соопшти по повод забраната Тениската федерација на Австралија.

Руските и белоруските тенисери можат да настапуваат на турнирите во Австралија како „неутрални” спортисти, што подразбира дека нивната националност не е наведена во официјалните записници, а знамињата на нивните држави не се прикажани ниту на телевизиската графика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.