Една од најперспективните италијански одбојкарки, Јулија Итума, го загуби животот откако паднала од хотелска соба во Истанбул, по реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампиони меѓу домашниот тим Езачибаши и Новара, објави весникот Тутоспорт.

Италијанските медиуми наведуваат дека турските истражни органи ги истражуваат деталите околу несреќата, додавајќи оти 18-годишната Итума настрадала под неразјаснети околности.

Итума беше во составот на италијанскиот тим Новара, кој загуби на реваншот во Истанбул со 3-0.

Турскиот тим избори пласман во финалето на Лигата на шампиони, бидејќи Новара на првиот дуел го совлада Езачибаши со 3-2.

Итума беше дел од италијанската репрезентација до 19 години која во септември лани во Скопје ја освои титулата европски првак, совладувајќи ја Србија со 3-2 во финалето во салата „Борис Трајковски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.