Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб. Од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер. Договорот беше потпишан денес во просториите на клубот.
– Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони, соопштија од клубот.
По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на битолчани. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.