Првиот светски рекет, Данил Медведев, гo даде своето мислење за фаворитите на Вимблдон 2022 година.
Новак секогаш е фаворит. Тој ги освои последните три изданија на Вимблдон. Игра многу добро на трева. Ако зборуваме за најдобрите играчи во историјата на тревата, би го ставил него на прво место. Федерер и Ѓоковиќ се најдобри во мојата генерација. Секако, Надал може да го освои секој турнир на кој ќе учествува, а Беретини игра на високо ниво. Затоа, ако зборуваме за фаворитите на Вимблдон, тогаш тоа се Ѓоковиќ, Беретини и Надал – изјави Медведев за „Диарио де Мајорка“.
Грен слемот Вимблдон 2022 ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули. Ѓоковиќ има шест победи на овој турнир, Надал има две, Федерер осум.
За потсетување, на 20 април организаторите на Вимблдон им забранија на руските и белоруските тенисери да учествуваат на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.