Билдери, гимнастичари, маратонци и фитнес инструктори во спортското издание на „Нешто конкретно“. Во новата епизода на емисијта на Снеже Велков, гостите Мирко Петровски, Цветанка Огненовска Аврамовски, Весна Кираџиева и Зоран Лазаревски – Паљото откриваат кои мускули најмногу ги вежбаат жените во теретана, дали мажите повеќе се фотографираат отколку што вежбаат и каде започнал бодибилдингот во Македонија.
Дали претпоставувате колку јајца има изедено Мирко во последните дваесетина години? Како Зоран го добил прекарот „Паљо“ и зошто не беше одбран за градоначалник на Битола, дознајте во изданието што веќе е достапно на YouTube. Весна Кираџиева изјави дека спортистите не ги сметаат за баш интелигентни на што останатите нејзини соговорници не се согласија. Како дојдовме до тоа да мажите сакаат да се сликаат и да се разголуваат повеќе од жените, да се сите навежбани и да имаат стомачни мускули. Разговараме за тоа што го поттикна мажот толку да се грижи за својот физички изглед. Слушнавме и што мислат жените за муабетот „теретаната е машка работа“. На крајот скопјанецот и битолчанецот ги одмерија силите со буткање на рака, велат од „Нешто конкретно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.