Легендарната чешка тенисерка, Мартина Навратилова, порача дека политиката го уништува тенисот, а одлуката да им се забрани настап на Русите и Белорусите на грен-слем турнирот во Вимблдон не е начин за решавање на проблемот.
Колку и да ми е жал поради украинските играчи и народот, мислам дека Англичаните со овој чекор отидоа предалеку – изјави Навратилова.
Навратилова во својата кариера освои 18 грен-слем титули од кои половината во Вимблдон.
Нејзината реакција доаѓа откако организаторите на Вимблдон и Британската тениска федерација во вторникот донесоа одлука да им забранат настап на руските и белоруските тенисери на грен-слем турнирот што ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули.
Одлуката на британската страна наиде на несогласување и од Здружението на тениски професионалци (АТП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.