Дијана Ѓоковиќ смета дека ова е политички прогон за нејзиниот син да не стане најдобар на сите времиња.
„За мене како мајка ова е многу тешко, бидејќи не заслужи ваков третман. Сега ставот дека не смее да влезе во Австралија добива политичка димензија и не смее да игра. Го држат во валкан хотел и го држат со часови без контакт со нас. Ова е чисто политички атак за да не стане најдобар на сите времиња. Мислам дека многу брзо сите ќе разберат дека тој е револуционер, кој го менува овој свет. Се надевам дека психички ќе остане здрав и дека нема да му ги ‘скршат крилата’ како што се обидуваа“, вели мајката на најдобриот светски тенисер за српските медиуми.
Таа додаде дека условите во кои е сместен нејзниот син се ужасни.
„Зборував со него денеска, не сакаше да говори премногу. Се обидува да заспие, но не може. Како мајка се чувствувам згрозено, бидејќи го третираат како затвореник. Се надевам дека ќе остане силен и дека ќе победи. Смештајот е ужасен, мал мигрантски хотел, ако воопшто може да се нарече хотел“, додаде Дијана Ѓоковиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.