Познатиот фудбалски тренер, Хрватот Ќиро Блажевиќ беше гостин кај Александар Станковиќ, во многу популарната емисија на ХРТ „Во недела во 2“. Меѓудругото, се говореше и за депортацијата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Блажевиќ го критикуваше потегот на Австралија која реши да му ја одзеде визата и да го депортира од земјата светскиот тениер број еден.

Никој не може да го фрли во сенка Ѓоковиќ. Тој има врвни резултати. Според мене, тој е најголем спортист на планетата. Му ја скратија можноста да ја освои 21-та титула. И тој грешеше, но тие го малтретираа. За мене, Австралија веќе не е уредена земја. Го држеа како криминалец, изјави Ќиро.

Фудбалскиот стратег објасни дека многу го сака Ѓоковиќ за кого верува дека нема предрасуди.

Го обожавам. Никогаш не сум имал шанса да му ја стиснам раката и да го запознаам. Тој е спортист кој нема никакви предрасуди. Фактот дека го зема Горан Иванишевиќ за тренер тоа најдобро го потврдува, изјави Ќиро.

На прашањето за ставовите на Ѓоковиќ и фактот дека не е вакциниран, Ќиро одговори:

Намам јас што да му кажам на Ѓоковиќ за вакцинирањето. Јас ни своите деца не можам да ги наговорам да се вакцинираат. Тие имаат некои ставови и размислување кои се идиотски, рече Блажевиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.