Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, ја одбил понудата од Србинот, Новак Ѓоковиќ, за тренерски ангажман и место тоа му предложил на најдобриот светски тенисер да вечераат заедно.
Ѓоковиќ на шега порача дека би сакал да му биде тренер на Кирјос и дека за време на нивната соработка австралискиот тенисер би освоил пет грен-слем титули. Сепак, Ѓоковиќ наведе дека тренерскиот ангажман „нема да биде евтин“.
На таквата понуда Кирјос одговори преку социјалните мрежи.
Хаха, место тоа одиме на вечера и пијалок“, порача 27-годишниот Кирјос.
Двајцата тенисери во последно време имаат пријателски однос за разлика од минатото кога Кирјос честопати говореше за Ѓоковиќ во негативен контекст и во една прилика рече дека „не може да го поднесе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.