Македонскиот тенисер Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305. место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата.

Тој ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со победите во квалификациите и настапот на главниот турнир на Челинџерот во Јокохама и на денешеното рангирање има 10 поени повеќе (од претходното рангирање) или вкупно 174.

Од другите македонски тенисери, Горазд Србљак, кој изминатиов период имаше настапи на фјучрси во Грција забележа пад за седум места и се наоѓа на 1047.то место со 10 поени (без промена), додека Обрад Марковски е 1463-ти со три поени и скок од две места



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.