Младиот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во австрискиот град Котингбурн, откако попладнево без загубен сет го совлада во четвртфиналето домашниот претставник Петер Голдштајнер, рангиран на 1.214 место на АТП листата.

Ивановски (1.647 на АТП листата) го совлада Голдштајнер со 6-3, 6-4.

Противник на македонскиот тенисер во дуелот за пласман во финалето ќе биде првиот носител на турнирот Валентин Вашеро од Монако, кој во четвртфиналето со 6-4, 6-1 го совлада Французинот Нејтан Сетон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.