Првиот слободен тренинг за Големата награда на Лас Вегас е прекинат само десет минути откако почна поради проблеми со капакот на шахта на патеката.
„По инспекцискиот надзор што го извршија организаторите и ФИА, утврдено е дека шахтата е неисправна. ФИА, Ф1 и локалните инженери работат на решавање на овој проблем. Ќе ја ажурираме програмата што е можно поскоро“, соопштија доцна синоќа организаторите.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц застана на патеката откако се преврте преку капакот на шахтата, активирајќи го црвеното знаме, неколку минути откако организаторите објавија дека тренингот нема да продолжи.
Шефот на Ферари, Фредерик Васер, упати остри критики кон организаторите по неочекуваниот инцидент.
„Болидот е целосно уништен, неговиот мотор, батеријата. Мислам дека ова е неприфатливо“, им рече Васер на новинарите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.