Јелена Ѓоковиќ гордо истакнува дека родителите се труделе неа и нејзината сестра да ја водат на вистински начин, а посебно влијание имала борбата на нејзината мајка.
Верувам дека жените стекнуваат многу квалитети гледајќи ги своите родители, особено нивните мајки. Мајка ми рано ме роди мене и сестра ми, не воспита и работеше цело време. Ништо не и беше тешко, се бореше како пекол да ни обезбеди квалитетен живот и образование, во многу тешки услови – изјави Јелена.
Таа забележува дека е многу важно што нејзиниот татко го ценел карактерот на нејзината мајка и дека живеењето во такво семејство направило многу за нејзината личност.
– Најубаво од се е што кај татко ми видов одобрување и зајакнување на лавовската особина на мајка ми. Поради таквите родители јас и сестра ми се трудиме да бидеме самостојни и не чекаме ништо да ни падне во скут, туку се бориме за тоа. Би ги советувала другите млади жени да се борат со целото свое срце за она во што веруваат – изјави Јелена.
Јелена е горда мајка на Тара и Стефан и е шеф на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.