Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, на Инстаграм испрати божиќна честитка и ја искоментира ситуацијата во која се најде нејзиниот сопруг, на кој му била одбиена визата за влез во Австралија а во хотелот го чека исходот на ситуацијата со жалбата на тоа решение.
– Среќен Божиќ на сите кои слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со своите семејства. Посакувам денес моето семејство да беше заедно, но утеха ми е што сме барем здрави. И ние ќе израснеме од ова искуство.
Ви благодарам, драги луѓе ширум светот, што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Длабоко воздишувам за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме без разлика каде сме е Љубовта и Почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила, порача Јелена Ѓоковиќ на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.