Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.
Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех.
Иџе во оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки.
За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.