Најемотивниот момент во досегашниот дел од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг беше кога штафетата на Холандија во женска конкуренција во трката на 3.000 метри во брзо лизгање освоениот медал го посвети на прерано починатата колешка од тимот.

Станува збор за Лара вон Лујвен (27 години), која почина пред 18 месеци, откако ѝ беше откриена автоимуна болест за време на тренинг-кампот во Франција. Таа во тој момент беше актуелна светска шампионка на 500 метри и дел го холандската штафета на 3.000 метри, која дојде до бронзата на Игрите во Пјонгчанг пред четири години. Денеска, нејзините две тогашни колешки, Сузан Шултинг и Јара вон Керкоф, заедно со Сара Путсма и Ксандра Велцебер, го подобри ова остварување и се искачија на највисокото место на пиедесталот.

Лара денеска гордо нѐ гледаше од горе. Таа има специјално место во нашите срца. Ни недостасува секој ден, но и ни дава сила. Ние сме со златото само поради неа. Постојано го чувствуваме нејзиното присуство и енергија, изјавија холандските скијачки.

Четирите лизгачки по добивањето на медалите емотивно ги кренаа главите и покажаа кон небото, потсетувајќи на својата почината другарка, а потоа ги извадија телефоните на чии екрани беше исцртано срце во спомен на Вон Лујвен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.