Новак Ѓоковиќ ја освои 10. јубилејна титула на Австралија опен, откако во големото финале убедливо со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6) го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Српскиот тенисер пред една година во Мелбурн го доживеа најголемото понижување во животот, кога беше исфрлен од Австралија опен и депортиран од земјата како најголем криминалец, но не дозволи тоа да го скрши. Се врати со крената глава, одигра одличен турнир и ги натера Австралијците и целата светска спортска јавност да да му оддадат почит на кралот на тенисот!

Новак со својот триумф во Мелбурн испиша нови страници од тениската историја. Го освои 22. Грен слем трофеј и се израмни со Рафаел Надал на врвот на вечната листа.

Триумфот во Мелбурн му донесе дополнителни 2.000 бодови и враќање на првото место на АТП листата. Така, во понеделник, популарниот Ноле ќе ја почне рекордната 274-та недела на тенискиот трон.

До победата против Циципас, Ѓоковиќ дојде по нешто помалку од три часа игра, со што грчкиот тенисер остана без својот прв Грен слем трофеј и првото место на АТП листата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.