Во финалето на АТП турнирот во Париз од серијата „Мастерс 1000“ денеска ќе играат 35-годишниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и 19-годишниот Холгер Руне од Данска.

Руне во првото саботно полуфинале го надигра Феликс Оже-Алијасим со 6-4, 6-2, додека Ѓоковиќ беше поуспешен од Стефанос Циципас со 6-2, 3-6, 7-6.

Финалето во Париз ќе биде втор меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Руне, а српскиот тенисер победи во првиот.

Пред финалниот дуел, Ѓоковиќ изнесе комплименти на адреса на Руне, предвидувајќи му на данскиот тенисер успешна професионална кариера.

Малку ме потсетува на мене, има солиден бекхенд, многу добра одбрана и компетитивен е. Во секој поен ги остава срцето и нозете на теренот. Добар е за нашиот спорт, изјави Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.