Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил.

До своето трето олимписко злато, Нисканен дојде на убедлив начин, со 23,2 секунди пред второпласираниот Александер Болшунов од Русија.

За Нисканен ова е втор медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, по бронзата во скијатлон, додека Болшунов по златото во скијатлон, мораше да се задоволи со среброто.

Бронзата ја освои Норвежанецот Јоханес Клебо, кој заостана зад Нисканен 37.5 секунди. И за него ова е второ одличје во Пекинг, по златниот медал што го освои во спринтот на 1.5 километар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.