Британскиот медиум „Daily Mail“ деновиве се посветени на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, но во обид да го претстават во негативно светло. Тие му се посветени на Ноле, но и на неговото семејство. Финалето на Вимблдон е закажано за утре во 15 часот. Денеска се појави текст во кој новинарката Хариет Џонстон не ги штеди критиките на сметка на Новак и неговата сопруга Јелена.

„Дали е Новак поконтроверзен од Ник? Тенисерот кој не ги признава вакцините против коронавирус нè убедува дека позитивните мисли ја прочистуваат водата додека неговата забегана сопруга Јелена верува дека 5G мрежата ја предизвика пандемијата“, гласи насловот на нејзиниот текст.

„Многу забеганата сопруга на Новак беше успешна манекенка која се појави во повеќе престижни кампањи. Но, има и мозок покрај убавина, и диплома од Милано. Се сакаат од тинејџерските години и се венчаа во јули 2014 година на Свети Стефан. Јелена тогаш беше бремена, а моментално ја води Фондацијата Новак Ѓоковиќ која се занимава со образование на деца од непривилегирани заедници. Често ја гледаме на трибините на кои не може да го задржи смирениот израз на лицето туку е на раб на солзи или бесно реагира на одлуките на судиите. Во една прилика изјави дека не може да ги контролира емоциите додека го гледа својот сопруг бидејќи сака тој секогаш да биде среќен“, напишала Џонстон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.