Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Европските игри во Краков, Полска. Овој медал е прв за Македонија на Европските игри.

Во финалето над 83 килограми Георгиевски загуби со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем.

Георгиевски во првата беше подобар од Италијанецот, Матија Молин со 2:0, а потоа во четвртфиналето стигна до уште една заслужена победа против Украинецот Андри Харбар со 2:1.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.