Македонската претставничка на Зимските олимписки игри (ЗОИ), Ана Цветановска нема да настапи во дисциплината скијатлон во нордиско трчање, која беше закжаан за утре поради моменталната ситуација со ковид-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на трката 7,5+7,5км.
Македонскиот олимписки комитет (МОК) објави соопштение во кое потврди дека Цветановска ќе остане без настап на утрешната трка, но се очекува да настапи на следната трка, која е закажана за 10 февруари.
Заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи на оваа трка. Таа со нетрпение ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време, соопштија МОК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.