Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во два сета тој го победи Американецот Томи Пол со резултат 6:2, 6:4.
Следен ривал на Циципас ќе биде српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Холгер Руне (Данска) и Феликс Оже-Алијасим (Канада).
АТП Ролекс Мастерс турнирот во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.