Поранешниот британски тенисер Марк Печи го изрази своето изненадување и незадоволство од однесувањето на италијанската публика на финалниот АТП турнир во Торино, во однос на Новак Ѓоковиќ.

На натпреварите на Ѓоковиќ, публиката неколку пати го исвиркуваше српскиот тенисер, а во еден момент и самиот Ѓоковиќ одговори на ироничен начин, симулирајќи диригирање.

Марк Печи, осудувајќи го ваквото однесување на публиката, смета дека таквиот однос кон играчите е непримерен, особено на турнирите на високо ниво како што е Финалниот Мастерс.

Навистина се обесхрабрив кога го видов однесувањето на публиката. Новак во оваа фаза од кариерата заслужува почит. Со сите жртви што ги даде и спортските моменти што ни ги даде, тој не заслужува вакво однесување“, вели Печи.

Тој додаде дека навивачите кои така се однесуваат на трибините треба „да се погледнат во огледало“.

Разбирам што се случи против Синер, но и во таа ситуација немаат оправдување за такво нешто. Новак заслужува сечија почит. Не барам да му се поклонат, но тој заслужува почит и ако не го покажат тоа нека се погледнат во огледало и да размислат за се“, заклучи Печи.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.