Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има за четири места подобар ранг од претходната недела на ВТА листата и се наоѓа на 235. место.
Ѓорческа на новото рангирање има седум поени повеќе односно 319, добиено за пласманот во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок за едно место – 373, со истиот број на поени – 226.
Магдалена Стоилковска, пак има пад за една позиција и се наоѓа на 1212. место со девет поени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.