Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ, го чека своето трето дете со сопругот, поранешниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер, и редовно споделува како ужива во здравиот живот.

Двојката веќе ги има синовите Леон и Лука, а Ана веќе одбројува до третото породување.

Ивановиќ објави фотографија на социјалните мрежи на која го покажа трудничкото стомаче и со следбениците сподели дека пие здрав зелен пијалок.

Бебето и јас ја добиваме нашата дневна доза зеленило, напиша Ана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.