Шампионот на УС Опен, Карлос Алкараз, зборуваше за своите соништа во тенисот во пресрет на својот 20-ти роденден.

 

Шпанецот утре ќе наполни 20 години, а веќе има освоено Грен слем турнир.

 

– Сега мојот сон во тенисот е да станам еден од најдобрите тенисери во историјата. Знам дека тоа е голем сон, веројатно преголем. Но, во овој свет, треба да сонувате и да размислувате на големи нешта. Сакам да бидам меѓу најдобрите тенисери во историјата и ќе направам се за да го реализирам ова, рече Алкараз.

 

Утре младиот шпански тенисер ќе игра полуфинале против Борна Чориќ (Хрватска) на Мастерсот во Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.