Кошаркарите на Торонто избегнаа елиминација од плејофот во НБА лигата совладувајќи ја Филаделфија на домашен терен со 110:102 во четвртиот натпревар од првото коло во Источната конференција.
Филаделфија сега води со 3-1 во серијата до четири победи и ќе му биде домаќин на Торонто во петтиот натпревар, кој ќе се игра ноќта меѓу понеделник и вторник со почеток во два часот по средноевропско време.
Ниту една екипа во плејоф историјата на НБА не успеала да надомести негатива од 0-3.
Најзаслужен за премиерниот триумф на Торонто беше Паскал Сиакам со личен рекорд во плејофот од 34 поени, а кон тоа додаде осум скокови и пет асистенции.
Во неизвесна завршница во „Вивинт арена“, Јута го израмни резултатот на 2-2 со триумф од 100:99 над Далас, во чии редови се врати Лука Дончиќ со 30 поени.
Петтиот натпревар се игра ноќта меѓу понеделник и вторник во Далас со почеток во три часот по средноевропско време.
Резултати на останатите натпревари:
Бруклин – Бостон 103:109 (3-0)
Минесота – Мемфис 119:118 (2-2)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.