ФИБА (Меѓународната кошаркарска организација) одлучи да ги исфрли Русите од квалификацискиот турнир.

ФИБА ги следеше упатствата на Меѓународниот олимписки комитет да им забрани на руски и белоруски спортисти да учествуваат поради агресија врз Украина. Така, наместо Русија, можност за пласман на Олимписките игри ќе има Бугарија, следната најдобропласирана европска селекција.

Следните Олимписки игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.