Нешто повеќе од еден месец по ненадејната смрт на поранешниот кошаркарски репрезентативец и тренер Дејан Милојевиќ, денеска почина и неговиот татко Милан Милојевиќ.
Српските медиуми објавија дека тој синоќа бил примен во болница, но утрово повторно му се слошило. Лекарите се обиделе со реанимација, но безуспешно.
Српскиот тренер Дејан Милојевиќ почина на 46-годишна возраст од срцев удар на 17-ти јануари во САД кога со тимот гостуваше во Јута, а беше погребан на 12-ти февруари во Белград.
Српскиот стручњак во текот на кариерата го освои европското злато во 2001 година во Турција, беше член на вториот тим на Евролигата во 2004 година, трикратен шампион во АБА лигата, во две сезони најдобар стрелец во Јадранската лига.
Како тренер работеше во Мага, Будуќност и Голден Стејт каде му беше помошник на Стив Кери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.