Кошаркарките на актуелниот македонски шампион, Баскет Кам 2011, го одбранија трофејот во Суперкупот, откако го совладаа составот на МЗТ Скопје Аеродром во 102-52.
Тимот од Македонска Каменица доминираше во текот на целиот натпревар одигран во СРЦ „Кале“ во Скопје и заслужено дојде до својата втора Суперкуп титула во клупската историја.
Најефикасна во редовите на Баскет Кам 2011 и воедно на натпреварот беше Динева со 25 поени.
Во машкиот Суперкуп вечерва, исто така, во СРЦ „Кале“ ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.