Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар следната сезона ќе биде предводен од младиот и трофеен стручњак, Љупчо Малинков.

Поранешниот тренер на Фени Индустри и на Пелистер, доаѓа во редовите на Гостивар од најтрофејниот косовски клуб, Приштина.

Помошник тренер во клубот и во следната сезона останува Никола Димитриевски.

Малинков седнува на клупата на Гостивар на местото на Александар Јончевски, кој пред еден месец доби отказ од клупското раководство поради незадоволителни резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.