Никола Јокиќ заслужено ужива во родниот Сомбор по феноменалната сезона во НБА лигата, во која го предводеше Денвер до првата титула во историјата, поради што ја освои титулата МВП на финалето.

Откако како докажан љубител на коњите, најпрвин се упати кон хиподромот да ги гледа коњските трки, најдобриот светски кошаркар зеде здив и во ноќно излегување.

На настапот на познатиот турбофолкер Аца Пејовиќ, Јокиќ уживаше во одлично друштво. Меѓутоа, кога Пејовиќ тргна од сцената со „Поздрави је, поздрави“, евергринот на Мирослав Илиќ, Јокиќ полуде од воодушевување.

Јокиќ, кој и така веќе е многу висок, во делириум се качи на масата, почна да игра, а со тоа максимално ја подигна атмосферата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.