Во среда официјално започнува квалификацискиот турнир oд официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на светската кошаркарска федерација ФИБА и за прв пат ќе се одржува во Скопје. Домаќин на турнирот е кошаркарскиот клуб ТФТ од скопската населба Тафталиџе.
Првите два натпревари се играат во среда, на 20 септември, во салата „Борис Трајковски“. Со почеток во 18:00 часот најтариот британски кошаркарски клуб Лестер Рајдерс и Волунтари од Романија ќе ги измерат силите на теренот. Во 21:00 часот нашите момци од ТФТ ќе се „пресметаат“ со одлично познатите Кемниц од Германија.
Следните натпревари ќе се одиграат на 23 септември, а финалниот меч ќе може да се проследи на 25 септември.
Картите за сите натпревари се веќе пуштени во продажба и може да се купат онлајн на karti.com.mk (https://www.karti.com.mk/fiba-basketball-champions-league.nspx) и mktickets.mk (https://mktickets.mk/event/fiba-basketball-champions-league/)
КК ТФТ или „Клубот од заедницата, за заедницата“ минатата година го освои Купот на Македонија за 2022 година што беше пријатно изненадување во македонскиот баскет и причина за одлични имиња како засилување во тимот. Во периодот кој следува, ТФТ ќе се бори со сериозни противници од Европа, а со оглед на жарта во нивната игра, многу поддржувачи и нови фанови ќе ги бодрат од трибините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.