Поранешниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо проговори за можното заминување од клубот на напаѓачот Килијан Мбапе.

 

– За доброто на ПСЖ, мислам дека е време Мбапе да си замине, без разлика на сè. ПСЖ постоеше пред Килијан Мбапе и ќе постои и после него. Со своето однесување во последните две години, Мбапе докажува дека се уште не е играч способен вистински да води тим. Тој е одличен играч, но не и лидер. Тој е одличен стрелец, но не и креативна личност. Тешко е да се изгради тим околу него, изјави  Леонардо за „L’Equipe“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.