Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека српската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија заминала со хрватски авион и посочи дека претседателот на Србија Александар Вучиќ кој се качил во авионот за да ги испрати играчите, бил очаен и лут поради тоа, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека за ова се премолчело и дека било тајна за да не се вознемири нашата репрезентација пред патувањето, како и да не се истакне чија е одговорноста.
Таа изјави дека апсолутно лично очекува да се откријат одговорните за тој пропуст, како и кој е одговорен што српските репрезентативци патувале со хрватски авион и со хрватско знаме.
Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина. Исто така, кога ќе слета авионот, се гледа „Ер Србија“, тоа е нашата гордост. Не знам зошто тоа се случи, но знам дека тоа се случи и дека не се зборуваше за да не ја сменат повторно темата за поддршка на нашата репрезентација и мислам дека тоа беше правилна одлука. Дека ова е срамота, срамота е, а Вучиќ беше очаен поради тоа и очекувам одговорните да бидат идентификувани, порача Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.