Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор бил подложен на расистички навреди на синоќешното гостување кај Мајорка (0:1) во 20-тото коло од шампионатот на Шпанија.

Според „Л’Екип“, навивачите на Мајорка го исвиркале напаѓачот и употребиле  навредливи скандирања на расна основа кон него.

Во јануари, навивачите на Атлетико Мадрид поставија навредлив транспарент против Реал Мадрид на еден мостот и обесија кукла во дресот на Винисиус пред средбата на тимовите во Копа дел Реј.

Дваесет и двегодишниот Бразилец оваа сезона за Реал Мадрид забележа 30 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и шест асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.