Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор е среќе поради победата над Србија (2:0) во натпреварот од првото коло од групата Г на Светското првенство во Катар.
– Многу задоволни од нашето деби. Дваесет и две години го чекав моментот кога ќе дојдам на Мундијал. Имаше многу работа, многу соништа. Мило ми е што можев да му помогнам на тимот. Ни претстојат шест финалиња. Многу сум среќен за двојниот стрелец Ричарлисон. Работиме заедно многу за ова. Зборував со него во соблекувалната, велејќи дека ќе имаме шанси и тој треба да постигне гол, го цитира Винисиус „Глобо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.