Добро тргна годината за „тобџиите“. Менаџерот Микел Артета е задоволен од играта на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Вест Хем.

Арсенал во мечот од 17. коло на Премиер лигата славеше победа со 3:1.

– Покажавме одлична самоконтрола и вештина. Од самиот почеток на натпреварот почнавме да играме поинаку отколку што сакаше противникот, продолживме да притискаме, верувавме во себе и, како резултат на тоа, заслуживме да победиме. Го прегрнав Нкетиа бидејќи тој целосно го заслужи голот со својата игра. Ја покажа својата сила, умешност и способност да го чека моментот, како и самоконтрола. Извонредна изведба, изјави Артета за „Би-би-си спорт“.

Звучи неверојатно но Арсенал е на првото место во Премиер лигата. Победата ја следеше и славниот Арсен Венгер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.