Поранешниот прославен холандски репрезентативец и фудбалер на Интер и Реал Мадрид, Весли Снајдер, најави дека планира да почне тренерска кариера.
„Имам само 40 години, имам многу време. Сè уште не сум го започнал курсот, но тоа е во моите планови. Навистина имам намера да почнам тренерска кариера, но во моментов во тоа ме спречуваат некои лични проблеми“, изјави Снајдер за холандските медиуми.
Снајдер ја заврши својата кариера како фудбалер во август 2019 година.
Освен за Интер и Реал Мадрид, поранешниот холандски репрезентативец настапуваше и за Ајакс, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.