Се очекуваат нови немири во Атина по убиството на фанот на АЕК. Вечерва во главниот град на Грција играат Панатинаикос и Марсеј поради што се очекуваат нови проблеми. Во тепачката против фановите на АЕК учествувале и припадниците на навивачката група на Панатинаикос кои се во “војна“ со тие на АЕК, па затоа и соопштението на фановите на АЕК преку социјалните мрежи кои се споделува.

Во него се повикуваат сите фанови на АЕК во 19.30 часот да излезат на улица:

“Бараме од сите фанови на АЕК од северното предградие на Атина да во групи излезат на улици и да ги бараат гадовите кои ќе одат на натпреварот. Нема да ги напаѓаме семејните луѓе и малите деца“.

На ова недостига уште да излезат фановите на Олимпијакос и да настане вистинска војна на улиците на милионската Атина.

Инаку сѐ уште не е пронајден ножот со кој е убиен младиот грчки фан на АЕК. Се подготвува обвинение за припадниците на БББ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.