Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за реваншот со Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите.

 

– Кога ги видов резултатите од ждрепката, реков дека Лајпциг е навистина добар тим. Наполи, Реал Мадрид, Ливерпул – тие се исто така многу добри – секој тим во оваа фаза има квалитети и силни страни. Пред нашите навивачи мора да се докажеме и да победиме. Не е важно колку голови ќе се постигнат, само треба да победиме и да избориме четвртфинале. Тоа е она што мора да го направиме, изјави Гвардиола.

 

Натпреварот Манчестер сити – Лајпиц ќе се игра вечер со почеток во21 часот. Првата средба заврши нерешено 1:1.

 

Покрај овој натпревар, вечер во истиот термин ќе се соочат Порто и Интер. Италијанскиот тим на првиот меч победи со 1:0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.