Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги искажа своите очекувања за вечерашното финале со Севилја во Лигата на Европа.
– Поминавме долг пат, за разлика од нашиот противник кој дојде овде од Лигата на шампионите. Поминавме 14 натпревари за да бидеме тука и секако го заслуживме финалето. Нашето време доаѓа. Би рекол дека историјата не навлегува на терен, иако колегата мисли поинаку. Севилја верува дека традицијата им дава предност и ние тоа го почитуваме. Но, заслуживме пласман во финалето. За нив финалето во Лига Европа е вообичаена работа, за нас е нешто извонредно. За нив финале во европските купови е како лигашки натпревар, за нас тоа е историски настан, изјави Мурињо.
Последниот натпревар за сезоната 2022/23 во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа ќе се игра вечер од 21 часот на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Победникот на Лигата Европа ќе избори право на настап следната сезона во Лигата на шампионите.
Севилја е најтрофеен тим во ова натпреварување со шест титули, Рома нема ниту една.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.