Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, одговори на прашањето дали ќе се врати во Тотенхем пред да се пензионира.

– Кој знае. Во фудбалот е како во животот: никогаш не се знае што ќе се случи утре. Треба да уживаме денес, а сега се трудам да го направам токму тоа и да не гледам премногу далеку во иднината. Но зошто да не? Сепак, се надевам дека ќе останам овде, во Челзи, додека не умрам! – изјави тренерот.

Покетино работеше во Тотенхем од 2014 до 2019 година. Потоа беше тренер на ПСЖ, а во мај 2023 година стана главен тренер на Челзи. Тимот предводен од 51-годишниот стручњак моментно се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со 12 бода во 10 кола.

Вечер од 21 часот Челзи -Тотенхем во 11. коло на Премиер лигата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.