Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во писмо испратено до сите федерации на репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство во Катар да се концентрираат на фудбалот и да не дозволат спортот да биде вовлечен во идеолошки или политички борби.

– Ве молиме, одиме да се концентрираме на фудбалот!. Знаеме дека фудбалот не егзистира во воздушен простор и свесни сме за многуте предизвици и тешкотии од политичка природа, кои постојат ширум светот. Но, Ве молиме да не дозволите фудбалот да биде вовлечен во секоја идеолошка и политичка борба која постои, се наведува во заедничкото писмо на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и генералниот секретар Фатма Самоура.

Писмото на ФИФА е реакција на бројните протести кои изминатите недели можеа да се видат и слушнат во голем број од земјите чии репрезентации ќе настапат на претстојниот Мундијал во Катар, а се однесуваат на теми поврзани со прaвата на ЛГБТ заедницата во оваа арапска држава или односот кон странските работници, од кои многумина учествуваа во изградбата на потребната инфраструктура за завршниот турнир од 20 ноември до 18 декември



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.