Унгарскиот фудбалски репрезентативец Барнабас Варга, кој остана да лежи неподвижен по директен судир на мечот меѓу Унгарија и Шкотска во Штутгарт, е во стабилна состојба а поради фрактура на коската на лицето ќе мора да оди на операција.
Повеќе од 50.000 гледачи на стадионот во Штутгарт останаа занемени кога Варга се судри со шкотскиот голман Ангус Ган кој при обид за боскување на топката со лактот буквално го нокаутираше противничкиот играч, по што унгарскиот фудбалер остана неподвижен на тревникот. Тој веднаш беше опкружен од соиграчите и ставен во странична положба до доаѓањето на лекарскиот тим.
Набрзо околу несреќниот унгарски фудбалер се кренале ќебиња за да го сокријат од камерите, а по неколкуминутната асистенција Варга со заштитна јака и на носилки беше изнесен од теренот и итно пренесен во најблиската болница.
Унгарскиот селектор Марко Роси по натпреварот откри дека унгарскиот напаѓач се здобил со фрактура на коската на лицето и дека ќе биде неопходно да се оперира.
„Беше ужасен момент, да се види Банабис во таква состојба. За среќа, тој е многу подобро. Му држиме среќе да се врати наскоро. Се боревме за него, ја сакавме оваа победа за да можеме да му ја
посветиме нему“, изјави на прес-конференцијата неговиот соиграч Роланд Салаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.