Улица во Сараево во иднина ќе го носи името на познатиот југословенски фудбалер и трене на Ивица Осим, одлучија властите на кантонот Сараево. Улицата Зворничка со одлука на седницата на Собранието е преименувана во булева „Ивица Осим“, легендата на југословенскиот и босанско-херцеговскиот фудбал.

Иницијативата беше покрената недолго по неговата смрт минатата година од фудбалскиот клуб Железничар, каде што израсна како играч. На таа улица се наоѓа и стадионот „Грбавица“, во чија близина е роден и израснат Ивица Осим, а фудбалската кариера ја почна токму во популарниот Желјо.

Ивица Осим покрај за Железничар играше и за Стразбур, Цволе, Седан и Валенсиен. Како тренер од клупата ги водеше Железничар, Партизан, Панатинаикос, Штурм, Џеф Јунајтед, а селектор беше и на југословенската репрезентација до распадот на таа земја, а потоа и на Јапонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.