Мауро Икарди ја отпушти својата сопруга Ванда Нара од позицијата агент, со која раскинаа.

Во септември аргентинскиот напаѓач се пресели од Пари Сен-Жермен во Галатасарај на позајмица до крајот на сезоната.

За трансферот на Икарди, агентот имаше право на хонорар од еден милион евра. Но, според некои турски медиуми, Мауро побарал од Галатасарај да не и плаќа провизија на Ванда, бидејќи таа повеќе не ги застапува неговите интереси.

Самата Ванда изјави дека е единствениот претставник на Икарди во зделката за преселба во Галатасарај



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.