Пред самиот крај на натпреварот Тетекс – Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига, навивач од трибините влезе на теренот му удри бокс на гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Судијата набрзо по инцидентот означи крај на мечот.
МАКЕДОНСКИ СЕЛСКИ ФУДБАЛ сезона 22, епизода 6
2МФЛ Тетекс️САСА
ФФМ Телевизиа пресента! pic.twitter.com/m5DnIqylBv
— Team Macedonia (@MacedoniaFUT) October 1, 2022
Тетовската полиција соопшти дека го уапсила лицето набрзо по завршувањето на натпреварот.
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип, велат оттаму.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.