Фудбалерот на Коњаспор и поранешен турски репрезентативец, Ахмет Чалик ноќеска загина во тешка сообраќајна несреќа. Како што пренесуваат турските медиуми, тој изгубил контрола врз своето возило, најверојатно поради големата брзина и излетал од патот. Во моментот на несреќата бил сам во своето возило.

Лекарските екипи констатирале смрт на лице место.

Чалик кариерата ја почна во Генчербирлиги (2011-2017), по што три сезони настапуваше за Галатасарај, а од 2020 година е член на Коњаспор. Тој беше член на сите младински турски селекции, а за сениорскиот тим настапуваше од 2015 до 2017 година со осум одиграни средби и еден постигнат гол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.